компот-од-вишни 1

Домашен компот од вишни

Вишните се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидантни дејства. Тие се богати со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. Луѓето ги консумираат за намалување на ризикот од дијабетес, намалување на тесната тежина, подобрување на сонот…

Да ја искористиме сезоната на вишни и да ги направиме најубавите рецепти. Во периодот кога имаме изобилство од нив, ви предлагаме да направите домашен компот од вишни, кој е 100% природен и не содржи конзерванси, а сигурно ќе ве освежи вас и вашите членови во семејството, од најмлади до највозрасни. Ние го направивме компотот од вишни без шеќер, а ако сте љубител на поблаги компоти, може да додадете шеќер по желба.

компот од вишни

Состојки:

  • Вишни
  • Шеќер по желба
  • Вода

Подготовка:

  1. Вишните добро измијте ги, а по желба исчистете ги од семките. Во секоја тегла, малку повеќе од половина од висината, ставете вишни и по желба додајте 4 до 5 лажици шеќер.
  2. Во теглите со вишни дополнете вода, но оставете 1 до 2 см од врвот на теглата.
  3. Вака подготвените тегли свиткајте ги со хартија и наредете ги во шерпа или големо тенџере.
  4. Во шерпата ставете вода за да ги покрие теглите и приклучете го шпоретот на средна температура. Откако водата во тенџерето ќе зовре, варете уште 10 минути на тивок оган.
  5. Потоа исклучете го шпоретот и оставете ги теглите во шерпата да се изладат преку ноќ.
  6. Наредниот ден, теглите извадете го од шерпата, отстранете ја хартијата и ставете ги во зимницата.
  7. По желба, домашниот компот од вишни без семки, може да го изблендирате со што ќе добиете многу вкусен сок.

На здравје!

Сподели: