компот од грозје 1

Домашен компот од грозје

Да ја искористиме сезоната на грозјето и да ги направиме најубавите рецепти. Во период кога имаме изобилство од грозје, нашата пријателка од блогот Kuhinjica Mignone ни предлага да направиме домашен компот од грозје, кој е 100% природен и не содржи конзерванси, а сигурно ќе ве освежи вас и вашите најмлади членови во семејството.

За да го направите компотот потребно ви е убаво, цврсто бело и црвено грозје. Како поздрава алтернатива ние ве советуваме да го направите компотот од грозје без шеќер, а ако сте љубител на поблаги компоти, може да додадете шеќер според рецептот или по желба.

компот од грозје

Состојки:

  • грозје
  • 6 лажици шеќер по тегла (количината на шеќер може да ја намалите во зависност од блажината на грозјето)
  • вода

Подготовка:

  1. Зрната грозје одвојте ги добро измијте ги.  Во чисти тегли, скоро до врвот на теглата, ставете го чистото грозје и додајте 6 лажици шеќер доколку теглите се големи (750 мл).
  2. Во теглите со јагоди дополнете ладна вода, но оставете 1 до 2 см од врвот на теглата. Теглите добро затворете ги.
  3. Вака подготвените тегли свиткајте ги со хартија. Во длабоко тенџере, на дното ставете една кујнска крпа и наредете ги во тенџерето. Во шерпата ставете млака вода за да ги покрие теглите и приклучете го шпоретот на средна температура.
  4. Откако водата во тенџерето ќе зовре, варете уште 5 минути на тивок оган. Потоа исклучете го шпоретот и оставете ги теглите во шерпата да се изладат преку ноќ. Наредниот ден, теглите извадете го од шерпата, отстранете ја хартијата и ставете ги во зимницата. Може да забележите мали меурчиња воздух кон површината на компот, но тоа е во ред. Во текот на чувањето, меурчињата ќе се изгубат, а шеќерот на дното ќе се раствори постепено.

Припремениот компот од грозје можете да го чувате во период од една година. Можете да го пробате веднаш штом се излади, но имајте на ум дека е потребно извесно време додека шеќерот се растопи. На здравје!

Сподели: