Домашен мармалад од дуњи 1

Домашен мармалад од дуњи

Ја обожаваме страницата на нашата пријателка Лана! Кај неа, како и кај нас, сите рецепти се испробани и излегуваат без грешка. Време е на зимници, па ве потсетуваме да си направите вкусен домашен мармалад од дуњи, за да имате преку целата зима. Нема да се каете, издвојте малку време и нека има за уживање!

Дозата е за помала количина и се припрема од 4-5 дуњи, а вие зголемете ја по потреба, соодветно на дужите и останатите состојки исто така.

Домашен мармалад од дуњи 2

Може да ве интересира:  Домашно слатко од дуњи.

Состојки:

  • 1 кг дуњи
  • 600 гр шеќер (препорачуваме кафеав)
  • 300 мл вода
  • цеден сок од 1/2 лимон.
  • по желба, а не е неопходно додаток за арома (каранфилче, ванила и слично)

Подготовка:

  1. Прво сварете го сирупот од шеќер и вода.
  2. Дуњите измијте ги, излупете ги и исчистете ги, а потоа изрендајте ги исто како што го правиме тоа со јаболката.
  3. Веднаш додадете ги во припремениот сируп. Додајте го и свежо исцедениот лимонов сок и варете на потивка температура околу половина час.
  4. Тргнете го мармаладот настрана од огнот и садот покријте го со влажна кујнска крпа.
  5. Наредниот ден, откако убаво ќе се излади, мармаладот складирајте ги во чисти тегли. Ова е препораката за складирање на нашата пријателка Лана, а ако имате било каков сомнеж во начинот на складирање, препорачуваме да ги складирате традиционално, со топол мармалад во топли тегли. Во секој случај, чувајте го на суво и ладно место додека го употребите, а трајноста е просечно една година.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно слатко од рендани дуњи.

Сподели: