Домашен намаз од грашок 1

Домашен намаз од грашок

Ако добро го подготвите, ваквиот домашен намаз од грашок може да ги задоволи вашите апетити и тоа како вкусно! Кога имате малку време и сакате да јадете нешто поздраво и домашно припремено, пробајте го овој намаз. Сигурни сме дека ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите дегустатори. 

Грашокот е извонредно богат со материи кои се нарекуваат катехини, епикатехини, алфа и бета-каротен, фенолни киселини, а кои имаат антиоксидантни својства и го штитат организмот од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Има антивиспалително дејство и богат е со растителни влакна и протеини кои помагаат за правилно варење и апсорпција на хранливите материи од храната. Така, помага за регулирање на времето за кое јаглехидратите се распаѓаат и апсорбираат и спречува висок пораст на шеќерот во крвта. Пожелно да го употребувате ако сакате да превенирате дијабетес, а може да го употребуваат и лица со преддијабетес или дијабетес со цел контрола на нивото на шеќер во крвта.

Може да ве интересира: 6 нешта кои најверојатно не ги знаете за вкусниот грашок.

Домашен намаз од грашок 2

Состојки:

  • 1 шолја свеж или замрзнат грашок
  • малку вода по потреба
  • 1 лажица мелени бадеми
  • 1/3 шолја рендан пармезан
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Грашокот ставете го во тенџере со вода да се вари. Варениот грашок исцедете го, а потоа ставете го во поголем сад.
  2. Додајте малку вода. Потоа, додајте ги бадемите, пармезанот, лукот и маслиновото масло. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.
  3. Со помош на рачен блендер или друг кујнски апарат миксирајте ја смесата, додека добиете кремаст намаз.
  4. Намазот оставете го да се излади. Готовиот намаз од грашок може да го премачкате на лепче или да го сервирате како прилог. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна посна крем супа од грашок.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: