Домашен пилинг за тело со шеќер и кокосово масло

Домашен пилинг за тело со шеќер

Одвојувањето на пари за купување на најразлични пилинзи е значаен трошок. Сега можете и дома сами, да направите фантастичен пилинг за тело, а неговите природни состојки не предизвикуваат никакви несакани ефекти.

Еден од најдобрите производи кога станува збор за пилинг е белиот шеќер. Во комбинација со неколку природни состојки тој и помага на кожата да ја задржи хидратацијата, ги отстранува сите нечистотии и мртви клетки, ги ублажува брчките и ја прави мека и нежна вашата кожа.  Кокосовото масло ја навлажнува кожата, ја негува длабински и го намалува ризикот од појавата на стрии на кожата.

пилинг за тело

Состојки:

  • 250 грама шеќер
  • 4 лажици кокосово масло
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • ливчиња од една прецветана ружа.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете хомогена смеса. Добиениот пилинг за тело ставете го во помала стаклена тегла. Затворете ја добро теглата со капак и чувајте ја на ладно и темно место.
  2. Пилингот можете да го користите за раце, лакти, колена, стапала како и за останатите делови од телото. Користете го еднаш до 2 пати неделно. Нанесете го на влажна кожа и нежно масирајте со кружни движења неколку минути. Исплакнете го со млака вода, избришете ја кожата и нанесете крем.

Автор: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: 3 домашни пилинзи за совршено мека кожа.

Сподели: