Домашен пилинг против црнки на лице

Домашен пилинг против црнки на лице

Се соочувате со црнки и чувствувате дека тоа ви прави притисок терајќи ве да се запрашате како да се ослободите од нив? Преземете чекор, започнете и редовно одржувајте го лицето со домашна нега.

Пробајте го овој ефективен пилинг со сода и сол кои ќе го исчистат вашето лице, а павлаката/јогуртот и овесот ќе го нахранат и ќе овозможат кожата да биде чиста, мазна и нежна. Состојките ги имате секојдневно во кујната, а трикот и умешноста како да ги искористите, може да ги прочитате сега.

Домашен пилинг против црнки на лице

Состојки:

Прво чистење:

  • 1/2 лажичка сода
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 лажичка павлака, јогурт или кефир.

Второ чистење:

  • 1 лажица овесни снегулки
  • 1/2 лажичка сода
  • малку павлака, јогурт или кефир, за да ги соедини состојките.

Подготовка:

  1. Лицето треба да биде чисто и суво, па се прави првото чистење. Се мешаат содата. солта и павлаката/јогуртот (а може да замените со една лажица кефир).
  2. Смесата употребете ја како пилинг, така што убаво ќе го измасирате лицето со кружни движења, а посебно посветете внимание на проблематичните делови каде што најчесто се појавуваат црнки, а тоа се челото, носот и брадата.
  3. Измијте го лицето со вода.
  4. Потоа, измешајте ја лажицата овесни снегулки, содата и малку од павлаката, јогуртот или кефирот, во количина колку да се формира смеса.
  5. Повторете го чистењето со масирање на лицето, со посебно внимание на критичните места со црнки.

Овој метод на чистење ќе ви помогне да ги отстранете површинските црнки, а се употребува толку често колку што е потребно за вашето лице и тоа секој може да го препознае индивидуално за себе.

Ви препорачуваме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!

Сподели: