Домашен природен антиперспирант

Она што треба да го знае секој од нас е дека сеуште можеме да уживаме во свежина во текот на денот без да употребуваме фабрички антиперспирант. Бидејќи сите ние секојдневно користиме антиперспиранти и дезодоранси како средства за хигиена и поради козметички потреби, треба да сме добро информирани за листата со состојки која се наоѓа во нив и сеуште е загрижувачки долга. 

Па, иако секаде можеме да најдеме антиперспиранти кои не ги содржат штетните парабени и алуминиум (состојки кои се потенцијални причини за рак на дојка), ви предлагаме рецепт за домашно подготвен природен антиперспирант.

Домашен природен антиперспирант

Состојки:

  • 200 гр сода бикарбона
  • 16 гр скроб
  • 35 гр кокосово масло
  • неколку капки етерично масло од лаванда по желба.

Подготовка:

  1. Во мал сад измешајте ги содата бикарбона и скробот, а потоа додадете го кокосовото масло.
  2. Мешајте се додека смесата убаво се изедначи и стане кремаста.
  3. Добиената смеса ставете ја во пластични чинии (може да се обликува во хартиени калапи за мафини), а потоа ставете ги во фрижидер и чекајте да се стврднат.
  4. Кога смесата ќе биде стврдната извадете ја од калапите и веќе го имате антиперспирантот.

Добиениот природен антиперспирант може да го чувате во херметички затворен сад во фрижидер за ја задржи својата цврста конзистенција. Делува исто како било каков купен дезодоранс и не остава траги на облеката, а ако го подготвите по погоре предложените мерки оваа количина би била доволна за месец дена, а можеби и повеќе.

Сподели: