rastvor za plaknenje na usta so cimet 2

Природен раствор за плакнење на устата со цимет

Користите ли раствор за плакнење на устата за да се ослободите од непријатниот здив? Лошиот здив во устата е проблем кој може да биде причинет од прекумерен развој на бактерии во устата, дентални проблеми или од консумирање на храна со јак вкус како лук или кромид.

Но, следен пат пред да купите раствор за плакнење на устата, прочитајте ја етикетата. Ќе забележите дека тие содржат голем број на хемиски состојки, вештачки бои и ароми кои го освежуваат вкусот за помалку од половина час.

раствор за плакнење на устата со цимет

Природен раствор за плакнење на устата со цимет, мед и лимони

Сега имаме природно решение за домашен раствор за плакнење на уста. Потребни ви се цимет, мед, сок од лимони и сода бикарбона (по желба). За разлика од нането кое го прикрива лошиот здив, циметот го елиминира со уништување на бактериите кои се главни предизвикувачи на непријатниот мирис. Медот му дава подобар вкус на растворот, но исто така и антибактериски својства.

Состојки:

  • 2 лимони
  • ½ лажица цимет
  • ½ до 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1 ½ лажичка мед
  • 1 чаша топла вода.

Подготовка:

  1. Циметот ставете го во шише или тегла и додајте ги сокот од двата свежо цедени лимони и медот.
  2. По желба наместо мед може да додадете ½ до 1 мала лажичка сода бикарбона, или пак да ги додадете двете.
  3. Во шишето ставете ја топлата вода и убаво измешајте. Штом е потребно да го освежите здивот, протресете го шишето и направете гаргара со 1 до 2 лажици за време од една минута.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен раствор за плакнење на устата.

Сподели: