регенератор за коса

Домашен регенератор за коса со јаболкова киселина

Убавата, здрава, сјајна коса без првут е цел на секого. Често пати недостигот на време, не тера да заборавиме на домашните третмани и да посегнеме по козметичките средства на рафтовите. Но, тие бидејќи содржат голем број на хемикалии, може да имаат штетен ефект врз косата. Затоа, имаме решение за природен регенератор за коса кој е многу евтин, но ефикасен при првут и опаѓање. И што е поважно, потребни ви само минута до две за да го направите.

Домашен регенератор за коса со јаболкова киселина

Регенераторот со јаболкова киселина е идеален за секој тип на коса и е безбеден за употреба. Помага за балансирање на рН вредноста на скалпот, а е добар за кутикулите на косата. За да го направите потребни ви се:

  • 2 лажици јаболкова киселина
  • 1 чаша вода
  • 10 капки од етерично масло по желба
  • пластично или стаклено шише со прскалка.
регенератор за коса со јаболкова киселина

Начин на користење:

  1. Состојките ставете ги во пластично шише и добро измешајте ги.
  2. Регенераторот испрскајте го врз чиста, влажна коса и оставете го да делува 5 минути. Со прстите направете нежна масажа на косата и скалпот.
  3. Потоа, косата измијте ја со млака вода.

По сушењето, косата ќе го изгуби мирисот на киселина.

Совет плус: Доколку сакате да го подобрите мирисот и дејството на природниот регенератор за коса може да додадете етерично масло од рузмарин или жалфија. Доколку вашата коса е мрсна може да додадете етерично масло од лимон или чајно дрво. Ако вашата коса е сува и имате првут, додајте етерично масло од нане, еукалиптус, сандалово дрво или здравец.

Ви предлагаме да прочитате: Масло од рузмарин за зајакнување на косата.

Сподели: