суфлаки месо

Домашен рецепт за популарното сувлаки

Не мора да одете кај нашите соседи за да вкусите сувлаки. Сега може да го направите дома, благодарение на одличниот рецепт кој ни доаѓа од кујната на Невена. Тајната на највкусното домашно сувлаки се крие во изборот на зачините и приготвувањето на маринадата.

Сувлаки популарно јадење од грчката кујна што се прави од свинско, пилешко или јагнешко месо исечено на коцки. Се маринира во типични грчки зачини и се печи на раженчиња на скара. Се служат со зазики сос, грчка салата, помфрит, пита леб и др.

сувлаки

Состојки:

  • околу 1 кг свинско месо (каре)

За маринада:

  • 2 лимони со средна големина
  • 2 лажички оригано
  • 1 лажиче сув рузмарин
  • 1 лажиче мајчина душичка
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче мелен црн пипер
  • 10 лажици маслиново масло
  • 10 стапчиња за раженчиња.

Подготовка:

  1. Месото се сечи на коцки со големина од околу 1,5 -2 цм и се става во чинија. Се додаваат сите зачини, маслиновото масло и исцедениот сок од лимонот. По желба може да се додаде и црвен пипер, лук или парчиња кромид.
  2. Месото се меша и се остава во маринадата околу 2-3 часа.
  3. Потоа, коцките месо се боцкаат на раженчиња по 4 или 5 парчиња, зависи од големината.
  4. Се печат на скара или грил тава со малку масло од двете страни на умерен оган.
  5. Топлото сувлаки послужете го ѕаѕики сос и салата, или пржени компири.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Домашно мариниран пилешки стек на скара.

Сподели: