sladoled od praski 1

Домашен овошен сладолед од праски

Сигурно ќе се согласите дека највкусното освежување во летниот период се домашните сладоледи. Некои од нас обожаваат сладолед со вкус на чоколадо, ванила, но овошните вкусови даваат повеќе свежина во топлите летни денови. Токму ваков рецепт за домашен сладолед од праски ни предлага нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone.

Ова е нејзиниот омилен сладолед, кој редовно го прави штом започне сезоната на праските. Таа ни предлага дека количината на шеќер која ќе ја додадете зависи од блажината на овошјето,  а наместо кисело млеко, може да користете кисела павлака.

сладолед од праски

Состојки:

  • 1 чаша (200 мл) пасирани праски
  • 200 мл кисело млеко
  • ½ чаша шеќер.

Подготовка:

  1. Праските измијте ги и миксирајте ги во блендер за да се добие фина каша. Доколку немате блендер на располагање, зрелите праски изгмечете ги со виљушка.
  2. Во садот со праските додајте го шеќерот и киселото млеко. Измешајте за убаво да се изедначат состојките.
  3. Готовиот сладолед ставете го калап и чувајте го замрзнувач неколку часа за да се стегне. Повремено промешајте го, за да не се направат кристали од мраз.
  4. Пред служење исечете го на коцки или обликувајте топки, доколку сладоледот не е јако замрзнат.
  5. По желба, сервираниот сладолед од праски прелијте го со растопено чоколадо и послужете го со бисквити. Уживајте!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од ванила.

Сподели: