сок за растворање од маточина 1

Домашен сок за растворање од маточина (пчелинок)

Даниела ни предложи уникатен рецепт за подготовка на домашен сок за растворање од маточина, кој е без конзерванси. Таа за овој рецепт вели: „Маточината е растение кое во летните месеци максимално се користи во домот. Мирисот на лимон кој го има маточината освежува и овозможува да се добие вкусен и освежителен сок со прекрасен вкус. По желба кон маточината може да додадете и неколку гранчиња свежа црвена мента за појак вкус.“

Па затоа, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.

сок за растворање од маточина

Состојки:

  • 1 китка маточина (околу 30 гранчиња)
  • 2 л вода
  • 1 кг шеќер
  • 3 кесички лимонтус.

Подготовка:

  1. Маточината се мие и заедно со се гранчињата се става во тенџере.
  2. Водата се става во тенџере на оган. Штом водата ќе зоврие тенџерето се трга од оган. Врелата вода се налева врз маточината и се промешува со лажица.
  3. Тенџерето со маточина се покрива со капак и се остава да стои 12 часа.
  4. Потоа течноста се процедува и во неа се додава шеќерот и лимонтусот.
  5. Сокот се меша меша со дрвена лажица додека шеќерот се растопи, а потоа се собира во чисти шишиња.
  6. Домашниот сок за растворање чувајте го фрижидер. Од наведените состојки ќе добиете 2,5 литри сок за растворање.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: