сируп од малини без конзерванси

Домашен сок од малини без конзерванси

Домашен и освежителен сок од малини, кој сите го обожаваат! Најдобро е да го направите со свежи малини, а исто така може да користите и замрзнати.

Рецептот за овој вкусен сок од малини ни го испрати Даниела, на која и се заблагодаруваме. Таа вели дека од наведените состојки се добива 2 литри сок за растворање, а циметот може да го додадете по желба, особено доколку малините биле претходно замрзнати. „Циметот најповеќе го ставам да не се почувствува мирис од фрижидерот така да кој не е љубител на цимет не мора да става. Јас дури бев изненадена на спојот од малини и цимет – одличен вкус.“

сок од малини

Состојки:

  • 1 кг малини
  • 1,5 л ладна вода
  • 1 кг шеќер
  • 2 ќесички лимонтус
  • 2 стапчиња цимет.

Подготовка:

  1. Малините се ставаат во подлабок сад и се полеваат со водата. Се оставаат во садот за време од 5 – 6 часа, а потоа се процедуваат низ цедалка и низ ситна газа.
  2. Добиениот сок се става во подлабок сад и се додаваат шеќерот,лимонтусот и циметот.
  3. Се меша се додека шеќерот се растопи, а потоа се собира во шишиња. Се чува во фрижидер и пожелно е да се искористи во рок од 7 дена. Сокот бидејќи не се вари многу е освежителен и вкусен.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Ви предлагаме да прочитате: Малини – овошје полно со витамини и антиоксиданси.

Сподели: