домашен спреј за бришење на прашина

Домашен спреј за бришење на прашина

Сигурно би било одлично кога секој од нас би имал време и енергија да ја бриши прашината од сите површини во домот секој ден. Но, работните обврски ретко кога го дозволуваат тоа. Па, најдобрата работа која може да ја направите е да користите спреј кој ќе го превенира таложењето на прашина врз површините.

Најлесно е да се купи, но голем дел од состојките кои ги содржат спреовите за бришење на прашината предизвикуваат иритации на кожата, а можно е дел да бидат канцерогени. Дефинитивно треба да ги избегнувате!

Па, што ќе речете ако ви кажеме дека сега може да направите ефикасен спреј за бришење на прашина, кој не содржи штетни состојки и е многу поевтин? Сите состојки кои се користат се природни и не токсични:

  • киселина – позната е како природен чистач во домот
  • маслиново масло – превенира прашината да се наталожи врз површините
  • есенцијални масла (лимон, лаванда, нане, цимет, чајно дрво и портокал) – даваат убава арома и штитат од инсекти.
спреј за бришење на прашина

Домашен спреј за бршиње на прашина

Време е да ги засукате рацете и да се погрижите за чистиот дом без хемикалии. За да го направите овој спреј за бришење на прашина потребни ви се следните состојки:

  • 1 чаша вода
  • ¼ чаша бела киселина
  • 2 лажици маслиново масло
  • 10 до 15 капки есенцијално масло по избор.

Подготовка и начин на користење:

Измешајте ги состојките заедно во празно шише со прскалка. Пред употреба, шишето протресете го. Испрскајте директно врз површината и избришете со микрофибер крпа.

Ви предлагаме да користите: 16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа.

Сподели: