Домашен спреј за хидратација на кожата

Како што затоплува времето, така на кожата и е потребна поголема хидратација. Кога би знаеле дека е лесно да направите свои хидратантни кремови и спреови и тоа со природни состојки, сигурно помалку би купувале различни индустриски препарати. Па, во оваа прилика ви претставуваме домашен спреј за хидратација на кожата, направен со природни состојки.

Домашен спреј за хидратација на кожата

За да го направите потребни ви се:

  • ¼ чаша дестилирана или филтрирана вода
  • 1 ½ лажичка чист глицерин
  • 1 мала лажичка масло од семки од грозје или бадемово масло
  • 4 до 5 капки витамин Е
  • 8 до 10 капки етерично масло по избор (не е задолжително).
спреј за хидратација

Сите состојки ставете ги во шишенце со прскалка. Измешајте добро. Пред употреба, спрејот протресете го, а потоа нанесете го врз чиста кожа. Се препорачува овој спреј да го користите после туширање и нежно да ја измасирате кожата.

Наместо дестилирана вода може да користите вода од ружи, чај од билки или чист гел од алое. Овој спреј во текот на летниот период чувајте го во фрижидер.

За подобри резултати, важно е да користите дестилирана вода, а пожелно е другите состојки да бидат од органско потекло. Глицеринот има својство да ја апсорбира водата од воздухот и така подобро ја хидратизира кожата, правејќи ја мека. Лесно се раствора во вода, па е идеален за овој рецепт.

Маслото од семки од грозје или бадемовото масло имаат хидрантни својства и кожата лесно ги впива, а не ги затвораат порите.

Витаминот Е ја храни кожата и ја штити од слободните радикали, а во овој рецепт служи и како природен конзерванс.

Кога избирате етерични масла, еден од најдобрите избори и маслото од лаванда, затоа што одговара на сите типови на кожа. Избегнувајте ги етеричните масла од цитруси, затоа што се фототоксични и кожата може да постеле поосетлива на сончевите зраци.

Доколку ви се чини дека е неисплатливо да ги купите сите овие состојки, помислете дека вам ви треба мала количина од секој од нив, па може да се здружите со пријателките и да ги поделите трошоците.

Дали сте правеле свои кремови и етерични масла? Прочитајте како да направите сами етерично масло.

Сподели: