Домашен третман за негувани и убави веѓи 1

Домашен третман за негувани и убави веѓи

Убави веѓи се знак дека жената се грижи за себе и за својот изглед! Но, не секогаш сме во можност да ги одржуваме во совршена состојба. За тоа да не биде така, во продолжение ви презентираме природен третман кој лесно се иведува дома и ефектот е видлив.

Причина за лош изглед на веѓите може да биде неквалитетна шминка или пак некои проблеми со здравјето. Поттикнувањето на регенерацијата на фоликулите на влакната е можно со едноставно домашно средство. Со само 2 природни состојки ќе имате убави веѓи кои ќе ги обожавате!

Домашен третман за негувани и убави веѓи 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Кришката лимон ставете ја во шолја, а потоа додајте го маслиновото масло.
  2. Шолјата поклопете ја со тацна и оставете ја да стои 5 дена.
  3. Откако поминале 5 дена можете да започнете со домашниот третман на веѓите.

Начин на употреба:

Секоја вечер, пред спиење, на претходно измиено и суво лице, по линијата на веѓите нежно поминете со кришката лимон. Најдобро е да не го миете лицето потоа и да оставите домашното природно средство да делува преку ноќ. Постапката треба да ја повторувате секоја вечер за време од 3-4 недели, а првите резултати треба да бидат видливи по 1 недела.

Како дополнување на ефектот, ви препорачуваме доколку имате време и можност да користите и рицинусово масло. Тоа е едноставно, евтино и ефикасно средство кое е богато со полинезаситени масни киселини, па ги храни влакненцата од внатре и го стимулира нивниот раст.

Ви препорачуваме да прочитате: Третман со зелен чај за побрз раст на трепките.

Сподели: