третман со ленено масло

Домашен третман со ленено масло кој помага при првут и опаѓање на косата

Лененото масло може да се користи на два начини за нега на косата, а ја зајакнува и ѝ дава сјај, па влијае одлично на нејзината структура. Неговото дејство се должи на високата количина на омега 3 алфа линоленската киселина. Притоа, важно е да имате во предвид дека омега 3 во поголеми количини ја има во ладно цеденото ленено масло. Бидејќи секогаш имаме масло од лен при рака, решивме да го искористиме за нега на косата. Така направивме домашен третман со ленено масло и мед кој помага при прувт и опаѓање на косата, видовме дека е корисен и го споделуваме со вас. 

Погоре споменавме дека лененото масло може да се користи за нега на косата на два начини. Првиот и позначаен начин е да вклучите омега 3 во исхраната. Многу луѓе забележале значително подобрување на косата, но и на севкупното здравје со секојдневно консумирање на ленено масло.

Вториот начин на кој може да се користи лененото масло е со директно нанесување на косата, како маска или регенератор, со што веднаш ќе забележите зајакнување и подобрен сјај.

Може да ве интересира: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

домашен третман со ленено масло

Лененото масло е ефикасно при првут и помага за превенција во опаѓањето на косата. Па, доколку сакате да ја зајакнете косата и да го освежите скалпот, набавете си ладно цедено ленено масло кое е многу поефикасно и е подобар избор во споредба со повеќе козметичките препарати. Ние направивме домашен третман со ладно цедено ленено масло Фила, а бидејќи сме задоволни од неговото дејство врз косата, постапката ја споделуваме со сите. Маслото е достапно во пакување од 250 и 500 мл. Истото по најповолни цени може да го порачате преку онлајн продавницата на Фила, а може да се купи и во поголемите маркети и продавници за здрава храна.

Домашен топол третман со ленено масло и мед кој помага при првут и опаѓање на косата

Со доаѓањето на есента, многумина се соочуваат со опаѓање на косата. Па, како големи љубители на природните третмани, решивме да си направиме домашна маска со ладно цедено масло и мед и да го утврдиме нејзиниот ефект. Маската ја препорачуваме за сува и кршлива коса, коса со првут, како и при опаѓање на косата.

Состојки:

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во мал сад се ставаат лененото масло и медот. Се мешаат со лажица. Садот се става на оган на ниска температура за да се растопи медот.
  2. Потоа, садот се трга од огнот и во се додаваат 2 капки етерично масло од лаванда. Ние имавме етерично масло, па го додадовме за подобрување на мирисот и искористување на придобивките од лавандата. Но, доколку немате етерично масло од лаванда, маската може да ја направите без него.
  3. Со помош на четка за фарбање нанесете од маската врз целата коса и на скалпот. Потоа направете нежна масажа на скалпот. Оставете ја делува за време од 1 час. Косата измијте ја со шампон.
  4. Веднаш ќе забележите дека косата е помека и полесно се чешла. Овој домашен третман доволно е да го правите еднаш неделно. Пробајте, нема да погрешите!

Совет плус: Доколку сте алергични на ленено масло или мед, немојте да ја користите оваа маска. При посериозен проблем со опаѓање на косата, чешање и појава на поголема количина на првут, ве советуваме да се консултирате со дерматолог.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставна маска за обновување и зацврстување на косата.

Сподели: