крем-супа-од-моркови-1

Домашна крем супа од моркови и компири

Здрава супа од моркови за сите генерации! Хранете се здраво и искористете ги хранливите состојки кои ни ги нудат морковите. Овој пат во нашата кујна приготвивме вкусен рецепт за крем супа од моркови и компири, збогатена со куркума и магдонос. Направете ја и уживајте во нејзиниот кремаст вкус заедно се семејството и пријателите.

Оваа крем супа од моркови и компири е вегетаријанска, не содржи глутен (не ја сервирајте со парчиња леб), богата е со растителни влакна, а за време на пости ви предлагаме да не ја сервирате со павлака.

крем супа од моркови

Состојки:

  • 4 ½ чаши рендани моркови
  • ½ главица кромид
  • 1 поголем компир
  • 3 лажици мешан сушен зеленчук за супа
  • ½ мала лажичка куркума
  • сол по вкус
  • црн пипер
  • магдонос за наросување
  • 2 лажици масло
  • павлака и парчиња печен леб по желба.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го.
  2. Морковите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето.
  3. Компирите исто така излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето.
  4. Во тенџере на оган, на средна температура ставете 2 лажици масло да се згреат. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид и пропржете го за време од 5 минути.
  5. Штом кромидот ќе омекне и ќе добие златно – кафеава боја, во тенџерето додајте ги ренданите моркови и компирите. Зеленчукот пропржете го за време од 2 до 3 минути. Потоа, во тенџерето додајте 8 чаши вода, мешаниот зеленчук за супа и куркумата. Супата варете ја за време од 20 до 30 минути, додека морковите омекнат.
  6. Потоа, тенџерето тргнете го од оган и оставете супата да се излади за време од 20 до 30 минути. Изладената супа ставете ја во блендер и миксирајте ја.
  7. Крем супата ставете ја повторно во тенџерето и посолете ја со сол и црн пипер. Ставете ја на оган за време од 5 минути, кратко да проврие.
  8. Топлата крем супа од моркови, сервирајте ја, наросете ја со ситно сечкан магдонос и додајте парчиња печен леб и павлака по желба. На здравје!

Сподели: