маска за коса од желатин

Домашна маска за коса со желатин

Косата е украс на жената. Без разлика на бојата, волуменот, должината или обликот, косата е незаменлив дел од женската убавина. За да имате сјајна и силна коса, потребна е редовна нега. Домашите маски за коса се ефтини, природни, а најдобро е тоа што имаат ефект.

Маската со желатин ја испробавме повеќе пати, а ефектот е забележителен при првиот третман. Желатинот има позитивни ефекти врз косата:

  • го забрзува растот
  • ја храни и збогатува со протеини
  • ја штити и регенерира
  • го подигнува влакното од коренот, со што се постигнува ултра волумен.

Оваа маска за коса со желатин има сличен ефект на ламинација: создава заштитен слој околу влакното по целата должина, со што косата е еластична и полна со сјај.

маска за коса од желатин

Состојки:

  • 1 лажица желатин
  • ½ чаша вода
  • 1 мала лажичка јаболков оцет
  • 1 мала лажичка мед

Подготовка:

  1. Желатинот ставете го шолја и измешајте го со водата. Шолјата ставете ја кратко време во микробранова печка за да се раствори желатинот. Доколку немате микробранова печка, желатинот со водата, загрејте ги на ринга.
  2. Во садот со желатин, додајте ја киселината, медот и измешајте повторно, за да се добие паста.
  3. Маската нанесете ја на водена коса и оставете да делува 10 до 30 минути. Ако планирате да ја чувате косата подолго време, завиткајте ја во најлонска капа. Потоа, косата измијте ја со шампон.

Ако вашата коса е долга или многу густа може да ги дуплирате состојките. И покрај тоа што има големи ефекти врз косата, маската се препорачува да ја користите еднаш во текот на месецот.

Сподели: