Домашна маска за поздрава и побујна коса

Домашна маска за поздрава и побујна коса

Може да се каже дека скоро и да не постои човек кој не сака да има убава, здрава и бујна коса. А, бидејќи голем број од нас се соочуваат со проблеми поврзани со ретка или слаба коса, ви предлагаме да ја пробате оваа домашна маска за побујна коса, која се прави на лесен начин.

Имајќи предвид дека бавниот раст и ретката коса е она што може на многумина им претставува проблем и им ја намалува самодовербата, ви укажуваме дека не секогаш важи правилото за скапите препарати да се категоризираат како најефикасни и дека за брзо време ќе ги решат проблемите со ретката коса. Верувале или не, можете сами да си направите препарати кои кои ќе бидат 100% природни и без хемиски додатоци, а потребни ви се малку труд и состојки кои веќе ги имате во вашата кујна.

Домашна маска за поздрава и побујна коса

Состојки:

  • 1/2 шолја кокосово млеко
  • 3 лажици маслиново масло
  • малку топла вода по потреба.

Подготовка:

  1. Промешајте го кокосовото млеко со маслиновото масло, па добиената смеса нанесете ја на главата и масирајте со прстите од коренот до врвовите на косата.
  2. На косата ставете капа за туширање или пластична кеса и оставете маската да делува 10 до 15 минути.
  3. На крај измијте ја косата како и обично.

Сподели: