Како да направите домашна маст против изгореници 1

Како да направите домашна маст против изгореници?

Сите би рекле најдобро да не ни притреба, но добро е да ја имаме за секој случај! Ваквиот лек народот го нарекува мелем. Ние го нарековме домашна маст против изгореници, а може да се чува до 12 месеци во фрижидер за ладење.

Доколку се изгорите за време на готвењето или при некои други задачи низ домот, спасот не треба да го барате под млаз ладна вода. „Таквата „прва помош“ помога само во намалување на чувството на болка, бидејќи ги лади кожата и нервите, а не спречува појава на пликови.“ – тврди Рето Ветштајн, пластичен хирург од Базел.

Како да направите домашна маст против изгореници 2

Доволно е да поминат 20-тина минути откако ќе делувате со ладење и болката повторно ќе се појави. Тоа се должи на покачувањето на температурата во зафатениот дел. Ветштајн советува дека е најдобро откако ќе го пуштите млазот на ладна вода, подобро одма после тоа да пуштите млака вода (на 20-30 степени), за да се поттикне циркулацијата.

Овој народен лек помогнал на многумина, па се надеваме дека ќе користи во случај на потреба. Изгорениците се немили настани, за кои некогаш може да помогне народната медицина. Еве како да ја направите домашната маст против изгореници.

Состојки:

  • 3 полни лажици свинска маст
  • 1 белка од јајце
  • 1 чашка ракија (0.5 мл, најдобро комова).

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во чист сад ставете ги сите состојки.
  2. Со помош на миксер изматете ја смесата, за да добиете хомогена смеса која наликува на шлаг.
  3. Ваквиот мелем помага при изгореници од масло, од рерна, од врела вода и сонце. Ја стимулира регенерацијата на кожата, не предизвикува болки и спречува појава на лузни. Изгореното место треба да се премачкува 3-4 пати на ден во тенок слој. Маста можете да ја чувате во фрижидер до 12 месеци.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите маст од невен?

Сподели: