пилешка супа со зелечнчук

Домашна пилешка супа со зеленчук

Ако барате рецепт за здрава, вкусна домашна пилешка супа која не содржи глутен, засилувачи на вкус и други адитиви, ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата кујна. Оваа супа е богата со зеленчук, кој изобилува со растителни влакна и е идеална за сите кои внимаваат на својата тежина и сакаат да водат здрав живот.

пилешка супа со зеленчук

Состојки:

  • 1 батак или пилешки стек
  • ½ тиквичка со средна големина
  • 1 среден компир
  • 2 листови блитва
  • 2 лажици мешан сушен зеленчук за супа (морков, пашканат, целер, праз, кромид и магдонос)
  • свеж магдонос
  • куркума
  • сол
  • црн пипер

Подготовка:

  1. Батакот ставете го во тенџере со вода да се вари. Варете го за време од 15 минути. Потоа извадете го тенџерето, и месото исечкајте го на парчиња.
  2. Компирот и тиквичката исечкајте ги на мали коцки.
  3. Листовите блитва и свежиот магдонос ситно исечкајте ги.
  4. Во тенџере на оган ставете 3 чаши од течноста во која се вареше батакот и додајте 3 чаши вода. Во тенџерето додајте ги пилешкото месо, тиквичката, компирот, блитвата и зачините за супа да се варат.
  5. Штом водата ќе зоврие додајте ја куркумата, посолете и зачините со црн пипер. Варете на оган на средна температура уште 15 до 20 минути. На крајот од варењето додајте го сечканиот свеж магдонос, а потоа супата тргнете ја од оган.
  6. Приготвената пилешка супа со зеленчук послужете ја додека е топла. На здравје!

Сподели: