Домашна посна крем супа од грашок 1

Домашна посна крем супа од грашок

Кога сакате брзо и лесно јадење кое нема да ви го оптерети желудникот, оваа крем супа од грашок ќе биде идеален избор за вас.

Повеќе од едноставна е за подготвување, прочитајте ги состојките и краткото упатство и ќе знаете дека онашто го пишуваме е така. Дополнителна добра вест е што е посна и може да ја јадат и оние кои постат и сите кои практикуваат вегетаријанска исхрана.

Домашна посна крем супа од грашок 2

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 1 поголема главица кромид
  • 750 гр обарен грашок
  • 250 мл бујон од зеленчук
  • магдонос по потреба
  • масло, сол, црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Во малку масло издинстајте ги ситно исечканите лук и кромид.
  2. Потоа, додајте го бујонот од зеленчук и обарениот грашок.
  3. Оставете така да вари најмалку 5 минути откако ќе зоврие.
  4. Течноста процедете ја, а грашокот испасирајте го во мазна каша.
  5. Густата смеса вратете ја во супата, посолете ја по вкус и додајте црн пипер.
  6. На крај, додајте ситно сечкан магдонос и послужете ја топла. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од грашок и компири.

Сподели: