Домашни лепчиња од овес и ржано брашно 1

Домашни лепчиња од овес и ржано брашно

Не случајно ги избравме овие состојки за да создадеме вкусни и здрави лепчиња од овес и ржано брашно! Одлично најадуваат и полни се со хранливи материи. Тоа може да го забележите и од составот, погледнете!

Од предложената доза направивме 18 тркалезни лепчиња. Убави се за јадење дома како дел од оброците или пак за носење на работа, за подготовка на сендвичи, па дури и за тостирање. Од нашата кујна, со љубов за вас!

Домашни лепчиња од овес и ржано брашно 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Овесните снегулки ставете ги во блендер и иситнете ги до брашно.
  2. Во одделен сад измешајте ги сувите состојки. Ставете ги ржаното брашно, измелените овесни снегулки, прашокот за печиво, солта, чиа семето и лененото семе, семките од тиква и ориганото.
  3. Изматете ги јајцата со помош на миксер. Матете во поголем чист сад, додека се добиете густ крем.
  4. Потоа во садот додајте ги јогуртот и маслото од чиа. Измешајте со лажица.
  5. Измешаните суви состојки додајте ги постепено во садот со јајцата и во меѓувреме мешајте со лажица.
  6. Со лажица мерете количина за секое од топчињата, а готовите топчиња, печете ги во претходно обложена тава со хартија за печење и во загреана рерна на 180 степени, додека заруменат. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.

Сподели: