Домашни лепчиња со кикиритки 1

Домашни лепчиња со кикиритки

Изгледаат многу интересно и знаеме дека се вкусни! Веднаш откако го прочитавме рецептот за овие лепчиња со кикиритки, посакавме да го споделиме и да може сите да уживаме во нив!

Топло препорачуваме да ги пробате. Аромата им е посебна и уникатна, а за рецептот и благодариме на  нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

Домашни лепчиња со кикиритки 2

Состојки:

*за 6 парчиња

  • 400 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр печени солени кикиритки (грубо измелени)
  • околу 75 мл масло
  • околу 200 мл вода.

Подготовка:

  1. Квасецот изматете го со половина шолја топла вода и со лажичка шеќер и малку брашно. Поклопете го и оставете го да постои, за квасецот да се активира.
  2. Во длабок сад измешајте ги солта и брашното, додајте го припремениот квасец, грубо измелените кикиритки и маслото, па со топла вода замесете средно меко тесто. Покријте го со најлонска фолија и оставете го додека нарасне во двојна големина.
  3. Тестото поделете го на 6 дела. Пресечете го на половина, па секоја од половинките поделете ја на три дела. Потоа обликувајте топчиња од секое делче.
  4. Лепчињата наредете ги на плех за печење (претходно намрсен или обложен со хартија) и оставете ги уште малку да одморат додека рерната се загрее. Пред печење, со помош на кујнска ножица „исштипкајте ги“ лепчињата и премачкајте ги со малку млеко. По желба посипете со сечкани печени кикири.
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени за време од околу 25-30 минути, додека убаво заруменат.
  6. Печените лепчиња попрскајте ги со вода и покријте ги со кујнска крпа, па оставете ги така барем 10-тина минути пред да ги служите. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Медитерански лепчиња со сончоглед.

Сподели: