Домашни маски за сите типови коса од 1 намирница

Домашни маски за сите типови коса од 1 намирница

Кога е во прашање негата на косата, суровите јајце се апсолутно најделотворна намирница. Жолчката е богата со масти кои ја хидратизираат косата, додека протеините од белката ги неутрализираат бактериите и ги отстрануваат маснотиите. Па, зависно од тоа каква коса имате, еве неколку насоки како да си направите домашни маски за сите типови коса и тоа само од една намирцница.

Доколку имате нормален тип на коса, за да подготвите домашна маска најдобро е да користите цело јајце. За сува коса најсоодветна ви е само жолчката, а за изразито масна коса најдобро е да користите маска само од белка.

Домашни маски за сите типови коса

Може да ве интересира: Домашна маска за коса со желатин.

Како да направите домашна маска за сите типови коса?

Јајцето, жолчката или белката соодветно, изматете ги добро и нанесете го на сува коса. Ако имате подолга коса зголемете ја дозата. Оставете да стои околу 20 минути. Потоа измијте ја косата со ладна или малку млака вода, па продолжете со миење со шампон.

Колку често се прават овие домашни третмани?

Третманите на коса кои се прават со цело јајце или жолчка може да ги применувате еднаш месечно, додека третманите со белка, можете да ги правите и еднаш на 2 недели, или два пати месечно.

Пробајте и уживајте во ефектот. Евтино и ефикасно!

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставна природна маска за сува и оштетена коса.

Сподели: