соленки со сусам

Домашни печени соленки со сусам

Овие вкусни, крцкави, печени соленки со сусам ги направи нашата пријателка Диана од блогот Trydiani, за кои вели дека лесно и брзо се прават, а побрзо исчезнуваат од чиниите во кои се сервирани.

Сигурни сме дека овие соленки кои се крцкави од надвор, а меки во внатрешноста, со мала слатка нота и ароматичен вкус на сусам и мед, го освоија вашиот вкус!

соленки со сусам

Состојки (1 чаша = 240 мл):

  • 1 мала лажичка сув квасец
  • 2 лажици мед
  • ¾ чаша млака вода
  • ¼ чаша таан (паста од сусам)
  • ¾ од мала лажичка морска сол
  • 1 ¾ до 2 чаши брашно
  • 2 супени лажици маџун, растворени во ¼ чаша вода (наместо маџун во замена може да користите 1 супена лажица мед)
  • 1 1/3 чаша бел сусам
  • ¼ чаша црн сусам или други семиња.

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат медот, пастата од сусам, сувиот квасец и млаката вода. Смесата се меша и се остава за време од 5 минути.
  2. Во садот се додава сол и 1 ½ чаша брашно и се започнува со месење на тестото. Се меси меко и еластично тесто, но не лепливо, а по потреба се додава уште брашно. Тестото се става во намрсен сад, се покрија со најлонска фолија и се остава да нарасне, додека се удвои во обем, за време од еден час или повеќе.
  3. Рерната се загрева на 175 степени.
  4. Нараснатото тесто се става врз набрашнета површина и се меси со рацете. Тестото се дели на 20 парчиња од кои се формираат топки во големина на орев.
  5. Од топчињата се сучат тенки форми со должина од 11 до 12 см и дебелина на молив. По желба се сечат на половина. Формите се ставаат во садот со слаткиот сируп од маџун и вода, а потоа се валкаат во сусамот. Се редат во тава покриена со хартија за печење и се печат за време од 20 минути, додека добијат златеста боја.
  6. Печените соленки со сусам се вадат од рерната, се оставаат кратко да се изладат и се сервираат додека се топли.

Ви предлагаме да прочитате: Посни грицки со сончоглед и сусам.

Сподели: