домашни средства за чистење на бањата и тоалетот

Домашни средства за чистење на бањата и тоалетот

Сега можете да ја одржите хигиената во бањата и тоалетот на малку поинаков, но подеднакво ефективен начин. Пробајте ги нашите домашни средства за чистење и ќе се уверите во резултатот.

Користењето на природните производи за чистење како што се сода бикарбоната и киселината, овозможува помала веројатност за надразнување на кожата и појава на алергии, во споредба со купечките средства кои содржат голем број хемиски состојки. Притоа, не се загадува животната средина, а и финансиски се поевтини. Овие средства се наменети за чистење на секој дел од бањата, па дури и за чистење на тоалетот. Еве кои домашни средства ви предлагаме да ги направите:

Средство за чистење на тоалетот

Состојки:

  • 250 грама сода бикарбона
  • 120 мл течен сапун
  • 120 мл на вода
  • 30 мл алкохолен оцет.

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги.
  2. Во шише со распрскувач ставете го средството, а пред секоја употреба добро протресете.
  3. Нанесете на површината, оставете да делува 5 до 10 минути, избришете со крпа, а потоа исплакнете со чиста вода.
домашни средства за чистење на бањата и тоалетот

Средство за чистење на WC школката

Состојки:

  • 2 до 3 парчиња боракс
  • сок од 1 лимон.

Подготовка:

  1. Измешајте ги состојките за да добиете смеса во вид на паста.
  2. Пастата нанесете ја на дамките и на рабовите во WC школката.
  3. По два часа школката избришете ја со четката и исплакнете.

Сподели: