Домашни третмани со праска за борба против стареењето 1

Домашни третмани со праска за борба против стареењето

Сите кои немате алергија или некаков друг здравствен ризик, не пропуштајте да каснете праска за ужина. Сочна е, вкусна и лековита, не само за телотовнатрешно, туку и за надворешна нега на кожата.

Она што можеби не сте го знаеле е дека праската ја хидрира кожата на лицето многу брзо и спречува појава на брчки. Заради тоа, препорачуваме лицето да го негувате со домашни третмани од праски, кои може да направите на следните начини.

Може да ве интересира: 6 витамини кои се борат против стареење.

praska za borba protiv stareenjeto 2

Нежна масажа на лицето

Начин на подготовка и употреба:

  1. Праската измијте ја и излупете ја, а потоа пресечете ја на половина. Со внатрешната страна на праската, односно со пресечениот раб, нежно измасирајте ја кожата на лицето и вратот.
  2. Оставете да стои неколку минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Лицето ќе ви биде хидрирано и освежено.

Праска во комбинација со лимонов сок

Начин на подготовка и употреба:

  1. Измијте, излупете и малку исечакајте 1-2 праски, а потоа ставете ги во блендер и измешајте ги со свежо цеден сок од 1/2 лимон.
  2. Со помош на чист памук, нежно истапкајте го лицето и оставете да стои околу 20 минути. Со овој третман ќе го подобрите квалитетот на кожата, ќе ги ублажите неправилностите, ќе ги затворите проширените пори, со што кожата ќе биде помазна, посјајна и затегната.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ совети со кои ќе го забавите стареењето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: