Домашно ладно чоколадо

Имаме супер летен рецепт! Освежете се со домашно ладно чоколадо кое има преубав вкус. Поканете ги пријателките и поминете убава вечер.

Идејата за овој рецепт ја пронајдовме на блогот Kuhinjica Mignone. А гледајќи по состојките секој ќе посака да го проба ова ладно чоколадо.

ладно чоколадо

Состојки:

  • 150 мл топла вода
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао во прав или чоколадо во прав
  • 200 мл млеко
  • коцки мраз
  • сладолед од чоколадо
  • листови нане
  • газирана вода по желба.

Подготовка:

  1. Измешајте ја топлата вода со шеќерот и какаото, додека состојките се соединат. Може да користите и миксер. Потоа додајте го млекото и се заедно измешајте.
  2. Оставете течноста да се излади.
  3. Додајте ги коцките мраз, измешајте или измиксајте. Во чашите ставате малку газирана вода, па додајте го чоколадниот пијалак. На крај ставете по една коцка чоколаден сладолед. Пред сервирање декорирајте со листови свежо нане.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен ликер бејлис со вкус на карамела.

Сподели: