Пилешки стек на скара

Домашно мариниран пилешки стек на скара

Ако сакате да се храните здраво и истовремено да уживате во храната, вака приготвен пилешки стек на скара сигурно ќе ги усреќи вашите вкусни сетила. Нема да ви одземе многу време, а аромата која ја има од комбинацијата на скарата и лимоновиот сок ќе ве убеди да посакате што поскоро да пробате пак!

Пилешкото месо е едно од омилените и најприфатени во целиот свет. Има небројно многу начини да се подготви и секој од нив овозможува вкусни сензации на посебен начин, а сега ви предлагаме да пробате домашно мариниран пилешки стек на скара. Не трошете пари за скап мариниран стек, сами направете го својот специјалитет. Маринадата се прави од неколку состојки кои се лесно достапни, а стекот потоа е незамисливо вкусен, сочен и со забележителна арома која остава впечаток. Еве како да го направите ова прекрасно јадење кое ни го предложи нашата пријателка од блогот Kuhinjica Mignone.

Пилешки стек на скара

Состојки:

  • 2 парчиња бело месо
  • лимонов сок
  • гранчиња босилек, рузмарин или друг зачин по желба
  • малку масло по вкус
  • сол и црн пипер (може во зрно).

Подготовка:

  1. Парчињата пилешки стек исечете ги на половина по должина, така што треба да добиете тенки филети.
  2. Потоа, од исцедениот лимонов сок, малку масло според вашииот вкус, гранчињата свеж зачин (босилек, рузмарин или друг зачин по желба) и неколку зрна црн пипер, направете маринада. Оставете го пилешкиот стек да отстои во маринадата барем 1 час.
  3. Филетите од пилешки стек ставете ги на дрвени стапчиња и печете ги на скара додека двете страни убаво заруменат.
  4. На крај, наредете ги врз листови од зелена салата и декорирајте со кругови од лимон.

Дополнително како идеја, вака припремениот пилешки стек на скара, можете да го употребите како дел од Цезар салата или пак само со коцки препечен леб по желба.

На здравје!

Сподели: