Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни 1

Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни

Од дамнешните времиња е познато дека пареата помага за отворање на порите, ја мекнува кожата и ја зголемува циркулацијата, а со тоа овозможува полесно продирање на разните серуми и хидратантни креми. Иако професионалното третирање на лицето нема споредба, понекогаш може да пробате и да си направите домашно парење на лице со само неколку состојки.

Овој домашен третман е посебно корисен за кожа која е мрсна и на која често се појавуваат акни. Во секој случај добро би било да внимавате и на храната која ја внесувате, а може да предизвика акни или пак да ја подобри нивната состојба, па еве кои 8 намирници се препорачуваат како помош против акни.

Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни 2

Состојки:

  • 300-500 мл вода
  • 3 капки етерично масло од чајно дрво
  • неколку листови свеж босилек.

Подготовка и начин на примена на домашно парење на лице против акни:

  1. Водата ставете ја да зоврие, а потоа во неа додајте го етеричното масло од чајно дрво и листовите босилек.
  2. Течноста турете ја во стаклен или керамички сад, измешајте ја и оставете ја врз рамна површина.
  3. Со помош на крпа покријте ги рамената, а лицето држете го над пареата на висина од 25-30 см.
  4. По 5-10 минути од третманот со пареа, додека кожата е сеуште влажна, на лицето нанесете маска или хидратантна крема.

Ви предлагаме да прочитате и лековити лосиони од ловоров лист, против акни и мозолчиња.

Сподели: