Домашно слатко од тиква.

Домашно слатко од тиква

Ако сакате да се наградите себе си и останатите со фантастичен десерт кој се издвојува, нашиот предлог за домашно слатко од тиква ќе биде најдобар избор за вас и вашите сакани.

Домашно слатко од тиква

Состојки:

  • 2 кг тиква
  • 2,6 кг шеќер
  • 1 лимон
  • 4 л варова вода
  • 100 гр суво грозје.

Подготовка:

  1. За ова слатко препорачуваме да користите зелена ребраста тиква. Тиквата најпрво се лупи, а потоа се сече на парчиња по желба.
  2. 500 гр вар се потопува во 4 литри вода и се остава да се наталожи. Се процедува и се става во подлабок лонец.
  3. Исечените парчиња тиква се ставаат во водата и се оставаат да стојат во неа околу 5 часа. Од време навреме се промешува затоа што варот се таложи.
  4. Откако ќе поминат 5 часа се истура водата и тиквата убаво се плакне во неколку води, па се става во решетка да се исцеди.
  5. Во друг поширок лонец се става шеќерот и се налева со вода (околу 2 литри) за да се покрие површината во висина од некаде 2 см над шеќерот. Се вари шербет околу 10 минути, а потоа во лонецот се додава тиквата и се вари околу 2,5 часа на пониска температура.
  6. Слаткото не се меша само благо се притиска горниот слој да се измеша со долниот и така додека се свари тиквата. Пред крајот, околу 10 минути се додава сувото грозје и лимонот исечен на кругови.
  7. Свареното слатко се покрива со платнена крпа, се остава да се излади, а потоа се собира во суви и чисти тегли. По желба може да се додадат ореви.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: