Домашно средство за чистење на прозорци и стакло

Домашно средство за чистење на прозорци и стакло

Чистењето на стаклените површини и прозорците не мора да биде една од најомразените активности во домот. Сега може да си направите домашно средство за чистење на прозорци и стакло со состојки кои сигурно ги имате во домот. На овој начин, ќе помогнете во заштита на околината, а истовремено ќе заштедите и пари.

Скоро сите ние кога ни е потребно средство за чистење најпрво се упатуваме во најбликиот маркет, а ретко кој се осмелува да направи нешто корисно за буџетот на семејството и за заштита на животната средина и околината, без која нашиот живот би бил невозможен. Од повеќестран интерес ви предлагаме да ги искористите ресурсите од вашата кујна и да направите добро за себе и за сите останати. Со само три состојки направете во вашето домашно срество за чистење.

Домашно средство за чистење на прозорци и стакло

Состојки:

  • 40 мл алкохолен оцет
  • 30 мл алкохол
  • 400 мл вода.

Подготовка:

  1. Во чист пластичен сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги.
  2. Потоа, течноста ставете ја во шише со прскалка.

Начин на употреба и складирање:

Готовото домашно средство за чистење на прозорци и стакла чувајте го на суво и темно место. Пред употреба добро протресете го шишето, испрскајте по стаклените површини и со помош на сува крпа избришете.

Сподели: