чистење на стакло

Домашно средство за чистење на стакло

Ги имате испробано сите средства за бришење на стакло кои сте ги пронашле во маркетите, но не сте потполно задоволни со ниедно од нив? Сега може сами да направите средство за чистење на стакло со киселина, алкохол, скроб и вода и да го решите овој проблем.

Ако и вие едноставно не можете да ги поднесете белите траги на стаклото кои остануваат после употребата на поголем број индустриски средства за чистење, тогаш следете го овој рецепт кој го пронајдовме на интернет, со кој може темелно да ги исчистите прозорците.

чистење на стакло

Состојки:

  • 2 лажици медицински алкохол (70%)
  • 2 лажици бела киселина
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 1 ½ шолја вода.

Подготовка и начин на користење:

  1. Сите состојки ставете ги во шише со прскалка и добро измешајте ги. Пред да го користите средството за чистење на стакло, повторно добро измешајте, бидејќи со стоењето скробот ќе падне на дното во шишето.
  2. Стаклената површина испрскајте ја со средството и избришете ја со стар весник. Вака припременото средство за чистење на стакло може да го користите за прозорците, огледала и други стаклени предмети.

Ви предлагаме да прочитате: Домашно средство за чистење на прозорци и стакло.

Сподели: