дуња

Дуња – хранлива кралица на есента

Дуњата е овошје кое било обожавано од старите Грци, бидејќи според грчката митологија дуњата симболизира љубов и среќа. Тие имале и посебен начин на подготовка. Измиената дуња ја чистеле од внатрешниот средишен дел и ја издлабувале, по што ја полнеле со мед и ја печеле. 

Еден интересен факт кој малкумина од нас го знаат е тоа што името на дуњата на португалски јазик се нарекува „marmelo“ кој во превод значи дуња. Поврзаноста на името и овошјето се објаснува со незамеливата погодност на дуњата за правење на вкусни мармалади.

Дуњата потекнува од југозападна Азија, од пределот на Персија и Анатолија. Како самоникната се наоѓа и во средна Европа. Уште е позната под името „сидониска крушка“. Дрвото на дуњата расте високо, а често е во вид на грмушка. Плодот има има пријатен мирис и киселкаст вкус, а во изгледот потсетува на јаболко или круша. Бојата е златножолта, а кората е прекриена со влакненца, кои со малку триење на површината многу лесно се вадат.

Французите ја знаат дуњата веќе поголем број на столетија и уште од самиот почеток умешно ја користеле како за исхрана, така и за козметички и медицински намени. Римјаните пак, ја користеле за добивање на етерични масла кои се основен ресурс за производство во парфимериите.

дуња

Енергетска и нутритивна вредност на дуња

Дуњата може да се консумира во свежа состојба или пак од неа да се приготвуваат различни десерти, компоти, сокови, слатко или мармалади. Како овошје се одликува со следните карактеристики:

  • Во 100 грама дуња има само 60 калории.
  • Богата е со растителни влакна, а е добар извор на железо, калиум и бакар.
  • Содржи многу танински материи.
  • Дуњата е богат извор на витамин Ц, а доколку изедете 100 грама дуња ќе задоволите 25% од дневните потреби на организмот за овој витамин.
  • Содржи пектин, заради кој од неа се приготвува вкусен мармалад и желе.
  • Во својот состав има и бета каротен, масла и други слузави материи.

Сподели: