Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка

Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка

Нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone и овој пат не почести со интересен и малку поинаков рецепт. А, бидејќи нејзините идеи се одлични со задоволство го споделуваме и рецептов за егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка. 

За сите нас, нов и несекојдневен вкус, но затоа многу поинтересен од секојдневните и совршен за нови сензационални дегустативни искуства. Да го пробаме!

Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо печено на скара
  • 300 гр варена пченка
  • половина свеж ананас
  • 200 мл кисела павлака
  • 200-300 мл мајонез
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешкото месо прво испечете го на скара, а потоа така подготвено, исечете го на ситни или покрупни коцки, во големина по желба.
  2. Пченката сварете ја или само исцедете ја доколку е веќе сварена, а ананасот исто така исечете го на коцки во големина по желба, посолете и наросете со црн пипер.
  3. Во сад, измешајте ја киселата павлака со мајонезот, а потоа соединете ги сите состојки. Убаво измешајте и оставете да се излади.

Пред да ја служите егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка, по желба можете да додадете и малку банана исечена на коцки. Истражувајте нови вкусови и уживајте, на здравје!

Сподели: