Едноставен и брз рецепт за печени копани во рерна

Едноставен и брз рецепт за печени копани во рерна

 Полесно од што изгледа, побрзо од што мислите! Ви предлагаме да ја искористите првата прилика и да го пробате нашиот едноставен, лесен и брз рецепт за печени копани во рерна. Нема варење, директно ќе ги подготвите без мака, а ќе бидат задоволни сите членови на семејството.

Едноставен и брз рецепт за печени копани во рерна

Состојки:

  • пилешки копани
  • мешан сув зачин
  • црн пипер по желба
  • масло.

Подготовка:

  1. Најпрво припремете ги копаните. Доколку имаат останати примеси на крв од замрзнувањето пожелно е да ги измиете и по желба може да го отстраните вишокот кожа.
  2. Секој од копаните земете го со едната рака, а со другата наросете го со мешаниот сув зачин и црн пипер доколку сакате. Земете тава која одговара на бројот на копани и ставете ги во неа. Постапката повторете ја со сите пилешки копани.
  3. Пред да ги ставите да се печат, врз секој копан турете малку масло.
  4. Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете ги копаните да се печат. При печењето, откако горната страна ќе добие убава боја, завртете ги од другата страна за исто така да се испечат од долу. Откако се испекле од горе и ќе ги завртите, доволни се уште 15-тина минути и вашите печени копани во рерна се готови и спремни за сервирање.

Сподели: