Едноставен посен намаз од печурки и грав

На предлог на нашата пријателка Диана, ни доаѓа уште еден фантастичен рецепт за посен намаз од печурки и грав. Она што многу ни се допадна е тоа што за неговата подготовка потребни се неколку состојки, а целиот процес на припрема е многу едноставен.

За време на пости, кои целосно се исклучени протеините од животинско потекло, потребно е истите да ги замените со храната која е дозволена да се јаде. Неколку намирници кои се посни, а богати со протеини се: наут, леќа, грав, печурки, грашок, а од поновите храни може да ги споменеме киноа, амарант, просо, семиња и јатки. Па, поаѓајќи од ова, Диана го креира овој рецепт и истиот го објави на нејзиниот блог Trydiani.

посен намаз од печурки

Состојки:

  • 2 чаши свежи шампињони
  • 1 чаша варен и исцеден бел грав
  • 1 страк млад кромид
  • 1 чешне лук
  • сол и црн пипер по вкус
  • 2-3 лажици масло.

Подготовка:

  • Печурките ги сечкаме на тенки листови.
  • Кромидот и лукот ситно ги сечкаме.
  • Во нелеплива тава на оган ставаме 1 до 2 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло ги додаваме исечканите печурки, сечканиот кромид и лук. Мешаме и ги запржуваме додека омекнат.
  • Притоа, важно е печурките да останат светли. Тавата со запржените печурки ја тргаме од огнот.
  • Во длабок сад се става исцедениот грав и се додаваат печурките од тавата. Се мешаат и се зачинуваат со сол и црн пипер по вкус. Потоа се ставаат во блендер и се миксираат додека се добие намаз.
  • По желба може да се додаде масло, како и свежи зачини. Готовиот намаз од печурки и грав се става во фрижидер за време од неколку часа за да се соединат вкусовите. Се служи во комбинација со салата, парчиња леб и свежи зачини. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од кикиритки и семиња.

Сподели: