Едноставен природен лек против хеликобактер пилори 1

Едноставен природен лек против хеликобактер пилори

Интересно е да се спомне дека зготвената брокула има повисока нутритивна искористливост од свежата брокула. Посебно е ефикасна во лекување и третман на лечење на инфекции предизвикани од бактеријата Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori), при што ги намалува тегобите и го скратува траењето на третманот. Пробајте го домашниот и едноставен природен лек против хеликобактер пилори, помогнал на многумина!

По хемиски состав брокулата е богата со калциум, железо, магнезиум и значајни количини сулфур, кои и даваат карактеристичен мирис при готвење. Од групата на Б витамин, најмногу содржи Б9. Изобилува со растителни влакна кои имаат важна улога во правилна работа на дигестивниот систем. Брокулата е препорачливо е да се користи во исхраната при различни состојби, а повеќе за тоа може да прочитате тука.

Едноставен природен лек против хеликобактер пилори 2

Хеликобактер може да е причина за чир на желудникот или дванаесетпалачното црево, но природата ни подарила лек. Покрај широкиот спектар на антибиотици и пробиотици, оваа бактерија може да се третира и по природен пат. Во исхраната се препорачува ленено семе, затоа што ја намалува киселоста. Повеќе за алкализирање на организмот може да прочитате тука.

Исто така, сокот од компир и кантарион е делотворен, затоа што го смирува стомакот.

А, како се подготвува едноставниот домашен лек против хеликобактер пилори?

Се подготвува смеса која докажано помогнала на безброј луѓе. Се пие на утро на празен стомак.

Потребно:

  • 1 главица брокула
  • вода по потреба
  • 1 лажица морска сол.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Брокулата измијте ја и исечете ја на помали парчиња.
  2. Во чист сад за варење ставете околу 1 литар вода (количината на вода треба да ја покрие брокулата) и оставете водата да зоврие.
  3. Во зовриената вода додајте ја припремената брокула и солта.
  4. Откако ќе се свари и излади, смесата малку изблендирајте ја и користете ја во тек на еден месец. Пијте наутро кога сте гладни по 3 лажици од смесата.

Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана при гастритис предизвикан од Helicobacter Pylori.

Сподели: