зачинети печени компири

Едноставен рецепт за зачинети печени компири

Полесен и поедноставен рецепт за подготовка на зачинети печени компири, не веруваме дека ќе најдете. Обожаваме едноставни и брзи рецепти, па секогаш штом некој ќе ни каже супер рецепт го споделуваме со сите.

И овој пат, од кујната на Невена ни доаѓа уште еден испробан рецепт за зачинети печени компири. Приготвени со рузмарин и путер, за супер вкусна арома.

зачинети печени компири

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 лажиче рузмарин
  • мешан зачин, сол и црн пипер по вкус
  • 3 – 5 мали коцки путер.

Подготовка:

  1. Излупете ги компирите и исечете ги на крупни коцки.
  2. Компирите ставете ги во тава претходно обложена со хартија за печење.
  3. Потоа додајте ги рузмаринот, мешаниот зачин, солта, црната пипер и измешајте ги.
  4. Врз зачинетите компири ставете неколку мали коцки путер.
  5. Вака приготвените компири ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете за време од 45 минути, додека компирите омекнат.
  6. Топлите печени компири послужете ги како прилог со вашето омилено месо. По желба во текот на печењето можете да додадете сланина, како во мојов случај. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Печени компири со лук и рузмарин.

Сподели: