Едноставен рецепт за посни мекици.

Едноставен рецепт за посни мекици

Мекиците се добро познати традиционални креации од тесто кои се обожавани на нашите простори, а во време на пости имаме одлична можност да го пробаме рецептот за посни мекици, кој е многу едноставен и може да ги подготви секој независно дали има или искуство или не.

Едноставен рецепт за посни мекици

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 филџан масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка ракија
  • топла вода по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за месење, ставете ги сите состојки и замесете многу меко тесто.
  2. Оставете тестото да нарасне, а потоа со лажица измешајте го и оставете да нарасне уште еднаш.
  3. Од нараснатото тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
  4. Од секое топче со раце формирајте ги посните мекици и пржете во поголема количина загреано масло.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска

Сподели: