Едноставен рецепт за рижото „Кантонезе“

Имаме рецепт за рижото кој сигурно ќе ви се допадне! И претходно сме пробале слични рецепти за подготовка на рижото кои потекнуваат од кинеската кујна, а најмногу ни се допаѓа тоа што се едноставни за подготовка и многу вкусни.

Овој пат, на предлог на Невена го споделуваме рецептот за рижото „Кантонезе“. А пред да го приготвувате, добро ќе биде да прочитате: Како да направите совршено рижото?

рецепт за рижото

Состојки:

  • 220 гр ориз басмати
  • 200 гр шунка сечкана на коцки
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 3 јајца
  • ½ средна главица кромид
  • 2-3 лажици соја сос
  • по потреба масло, сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Посолете ја и поклопете го тенџерето со капак. Штом водата зоврие додајте го оризот и оставете го да се вари за време од 10 минути.
  2. Пет минути пред крајот, во тенџерето со оризот додајте го грашокот. Сварениот ориз и грашок, исцедете ги и оставете го на страна.
  3. Во тава ставте малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ја шунката исечкана на коцки. Пропржете ја кратко, а потоа оставете ја на страна.
  4. Кромидот изрендајте го.
  5. Јајцата изматете ги со виљушка како за кајгана.
  6. Половина од ренданиот кромид измешате го со матените јајца, посолете и зачинете со мелен црн пипер.
  7. Во тава ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги матените јајца со кромидот. Испржете ги и изгмечете ги со виљушката.
  8. Во голема тава или во вок тава, пропржете го останатиот кромид колку да пушти мирис. Додајте го оризот и грашокот и мешајте 2-3 минути, а притоа внимавајте да не загори. Потоа додајте ги шунката, јајцата и соја сосот. Убаво се измешајте ги, а тавата тргнете ја од огнот. Готовото рижото „кантонезе“ послужете го додека е топло. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.

Сподели: