едноставен шарен куглоф 1

Едноставен шарен куглоф

Ако сакате да припремите слатка и вкусна радост, а немате премногу време, нашиот испробан рецепт за шарен куглоф и тоа како е одлична идеја за брз и лесен десерт.

Супер се вклопува за со кафенце со друштвото, а веруваме и дека ако ги изненадите домашните ќе бидат многу задоволни. Состојките се лесно достапни, па пробајте го деновиве, ќе уживате!

едноставен шарен куглоф 2

Состојки:

  • 1,5 шолја бело брашно
  • 6 јајца
  • прстофат сол
  • 1,5 шолја шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • ½ шолја масло
  • рендана кора од еден лимон
  • 1-2 лажици чоколадно какао за чоколадната шара
  • 100 гр црно чоколадо за декорација, по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво издвојте ги белките од жолчките, па во сад за матење изматете ги белките заедно со прстофат сол. Матете ги додека се претворат во цврст снег, а потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер.
  2. Во друг сад за матење убаво изматете ги жолките, па кон нив додадете го маслото и со лажица измешајте ја смесата.
  3. Во садот со жолчките додадете ги и изматените белки и повторно измешајте за да се формира изедначена смеса која ќе биде целосно хомогена.
  4. Откако ќе видите дека смесата е убаво измешана, додадете ги брашното, печивото и ситно ренданата кора од лимон.
  5. Пред да ја турите смесата во калапот за куглоф, дел од неа тргнете на страна и во него додајте го какаото. Измешајте го за убаво да се чоколадира издвоената смеса, а потоа со неа ќе можете да го нашарате куглофот.
  6. Куглофот припремете го така што ќе го намрсите и ќе го набрашните, а потоа во него ставете ја светлата смеса. Со помош на лажица и рамномерно излевање на одредени места или во вид на линии, распоредете ја чоколадната смеса за да ги оформите шарите.
  7. Вака припремениот шарен куглоф печете го во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од околу 40 минути.
  8. Со помош на лажица, по желба, горната површина на едноставниот шарен куглоф може да ја декорирате со топено црно чоколадо.

Сервирајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден посен куглоф.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: