Едноставна маринада за пилешко месо - домашна и вкусна 1

Едноставна маринада за пилешко месо – домашна и вкусна!

Не мора да бидете одличен готвач за да создадете магија во вашата кујна. Дали знаевте дека тајната на совршениот вкус може да се крие во користењето на едноставна маринада за пилешко месо?

Оваа маринада го подобрува вкусот на пилешкото, а исто така и му образува и убава златна крцкава кожичка. Домашното може да биде највкусно, ако добро знаеме да го припремиме! Па, еве еден чекор до големо уживање на трпезата.

Едноставна маринада за пилешко месо - домашна и вкусна 2

Состојки:

  • 1/2 чаша маслиново масло
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица сок од лимон
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешкото бело месо се препорачува малку да го чукате со кујнски чекан, а ако станува збор за потенки парчиња, тоа не е неопходно.
  2. Во поголем сад ставете ги сите состојки за да ја направите маринадата.
  3. Откако добро ќе ги измешате, додадете го во нив и пилешкото месо.
  4. Потоа, така припременото месо, затворете го со капак или со најлонска фолија и оставете го да стои во фрижидер, за време од 2 до 4 часа.
  5. Испечете го и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Совети и потребно време за маринирање на месо.

Сподели: