декорација од лубеница 1

Елегантна декорација на лубеница

Сигурно и вие се воодушевувате на прекрасните декорации од лубеница кои ги има на различните свечености како свадби, коктел забави и роденден. Декорацијата на храната ја разубавува трпезата, а некогаш не се потребни многу намирници за да направите нешто интересно.

Доколку ви се потребни идеи за да ја направите својата трпеза поатрактивна ви предлагаме да го погледнете кратко видео и да научите како може да ја направите интересна декорација од лубеница. Со малку труд и време и вие може да направите креативно дело кое сигурно ќе го привлечи вниманието на вашите гости.

Покрај декоративниот изглед, лубеницата е еден од омилените десертни освежувања и одлична замена за сладолед за сите кои сакаат да се заблажат со здрави калории, а крие придобивки за здравјето во секое парче. Освен што содржи повеќе од 90% вода и помалку од 10% овошен шеќер, богата е со витамини, посебно каротини (бета каротин), витамин Ц и витамините од Б групата. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, железо и бакар.

Декорацијата на лубеница, воопшто не е тешка за изведување, а ќе изгледа уште попривлечна. Она што ви е потребно е мала лубеница и остар нож.

Техника за декорација на лубеница

  1. Најпрво со остар предмет, врз кората на лубеницата исцртајте ја формата која сакате да ја добиете. Потоа со помош на мал остар нож, внимателно исечете ја кората околу исцртаните форми.
  2. Во внатрешноста на исцртаните листови, исечете мали парчиња.
  3. Горната половина од лубеницата, пресечете ја внимателно. Потоа со помош на алатка за мали топчиња сладолед, издлабете ја внатрешноста на лубеницата.
  4. Продолжете со сечкање на непотребните делови, а потоа во внатрешноста вратете ги топчињата од лубеница.
  5. Декоративната чинија од лубеница послужете ја.

За најдобро разбирање на техниката, погледнете го видеото, следете ги инструкциите и направете си уникатна декоративна чинија од лубеница.

Сподели: