елка со нутела

Елка со нутела – декоративна пита

Убавите празнични моменти набргу доаѓаат! Сон на секоја домаќинка е убаво украсениот дом и трпеза, кои симболизираат топлина и веселба. А за задоволството да биде поголемо ви предлагаме да направите елка со нутела.

За празничните моменти да бидат целосно исполнети со вкусни и декорирани јадења, пронајдовме интересен рецепт и видео приказ за подготовка на елка со нутела.  Погледнете го видеото и за време на празниците направете ја оваа декоративна празнична пита.

Состојки:

  • 450 грама брашно
  • 1/3 чаша шеќер
  • прстофат сол
  • 2 мали лажички сув квасец
  • 1 чаша топло млеко
  • 2 јајца
  • 1 чаша нутела
  • сусам за декорација.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете го брашното, шеќерот, солта и сувиот квасец. Состојките измешајте ги со лажица.
  2. Во садот додајте го затопленото млеко, кое не треба да биде многу жешко.
  3. Жолчките одвојте ги од белките. Постапката за најлесно издвојување на жолчки од белки, прочитајте ја тука. Издвоените жолчки ставете ги во садот со брашното, а белките оставете ги во друг сад.
  4. Во садот додајте го омекнатиот путер и измешајте убаво со помош на виљушка.
  5. Потоа, тестото убаво измесете го со помош на рацете за време од 10 минути. По 5 минути од месењето, врз тестото нанесете малку млеко и продолжете со месењето.
  6. Во длабок сад, ставете малку масло, а потоа нежно намрсете го тестото. Садот со тестото, прекријте го со транспарентна фолија и оставете го на топло место за време од 1 час.
  7. Нараснатото тесто извадете го од садот и повторно обликувајте го во форма на топка. Потоа, поделете го на 4 еднакви делови.
  8. Врз набрашнета површина се става едниот дел од нарастатото тесто и со помош на сукало се прави форма на триаголник. Вака формираната кора, ставете ја врз хартија за печење.
  9. Потоа кората се премачкува со нутела во вид на елка (за полесно размачкување, нутелата можете кратко да ја загреете).
  10. Од вториот дел од тестото, со помош на сукало, врз набрашнета површина, формирајте триаголник.
  11. Исучената кора ставете ја во тавата за печење и премачкајте ја со нутела. Постапката повторете ја и со 3 дел од тестото.
  12. Од последниот дел од тестото, исучете кора и поставете во тавата. Од поклопените кори со помош на линијар се исекува форма на елка и гранки (следете ги инструкциите на видеото).
  13. Потоа следи спирално двојно завртување на гранките на елката.Вака формираната елка внимателно ставете ја во тава за печење. Тавата покријте ја со кујнска крпа и оставете ја елката да нарасне за време од 30 до 40 минути.
  14. Преостанатите белки и малку млеко изматете ги со жица со матење.
  15. Нараснатата елка од тесто, премачкајте ја со изматените белки и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути, додека добие убава златно кафеава боја. Печената елка со нутела извадете ја од рерната и оставете ја кратко да се излади.
  16. Во мал сад, ставете малку вода и шеќер. Измешајте ги убаво и премачкајте ја елката. Врз краевите на елката наросете сусам. Уживајте во празниците!

Сподели: