Ефикасни средства од кујна за чистење на пегла за алишта

Од честото пеглање, на површината на пеглата за алишта се случува да има остатоци прашина и други смеси. Како резултат на тоа пеглањето станува потешко, а не е исклучена можноста дека може да останат дамки на алиштата. Токму затоа многу е важно да знаете како правилно да ја исчистите површината за пеглање. Неколку брзи и ефикасни начини да го направите тоа:

Исчистете ја пеглата со морска сол

Врз даската за пеглање ставете стара памучна или хартиена крпа, а потоа по површината на крпата посипете една лажица крупна морска сол, што покрупна. Пеглата вклучете ја и наместете ја на максимална температура. Ако пеглата е на пареа, внимавајте да не заборавите да ја исклучите. Кога пеглата ќе се загрее, неколку пати поминете преку солта и ќе бидете изненадени од резултатите.

Направете раствор од киселина и сол

Во мало тенџере ставете еднаква количина на алкохолна киселина и сол, и загревајте додека солта се растопи. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади. Од добиената течност натопете памучна крпа и нежно поминете преку површината за пеглање. Кога ќе исчезнат сите нечистотии, пеглата е подготвена за работа.

пегла

Пастата од сода бикарбона и вода ќе ја исчисти вашата пегла

Од сода бикарбона и вода направете паста. Нанесете ја смесата врз памучна крпа на површината за пеглање и полека тријте додека не се отстранат сите нечистотии. Со чиста крпа исчистете ги остатоците од пастата. Приклучете ја пеглата и притиснете го копчето за исфрлање пареа, за да може да се исчистат можните остатоци од пастата во дупките преку кои излегува пареата.

Искористете ја пастата за заби

Нанесете паста за заби на валканите делови од пеглата и со памучна крпа добро истријте. Потоа пеглата вклучете ја и пеглајте на пареа врз истата крпа, се додека површината за пеглање не се исчисти целосно. Секогаш користете бела паста за заби, а не паста во боја.

Совет плус: Колку и да изгледа валкано вашата пегла, никогаш немојте да користите челична жица за садови, бидејќи на тој начин ќе се намали нејзината ефикасност.

Сподели: