печени тестенини со брокула

Запечени тестенини со брокула, во сос од кашкавал

Гурмански и лесен специјалитет кој може секој да го направи! Од кујната на Лана ни доаѓа фантастичен рецепт за запечени тестенини со брокула во сос од кашкавал и павлака.

Тестенините и брокулата совршено си одговараат, па затоа се феноменална комбинација во моментите кога сакате да си приготвите вкусен и брз ручек или вечера.

запечени тестенини со брокула

Состојки:

  • 300 грама тестенини
  • 1 главица брокула
  • 150 грама рендан кашкавал
  • 300 мл неутрална павлака за готвење
  • сол по вкус
  • црн или бел пипер по вкус
  • мускатно оревче по желба.

Подготовка:

  1. Брокулата исечете ја на цветови и варете ја во солена вода за време од 5 до 6 минути. Потоа исцедете ја и оставете ја да се излади кратко време.
  2. Неутралната павлака ставете ја во тенџере и загрејте ја. Потоа, во тенџерето додајте малку сол, црн пипер по вкус, мускатен орев и измешајте. На крај, ставете го ренданиот кашкавал, намалете ја температурата и варете додека кашкавалот се растопи.
  3. Сварете тестенини по избор, исцедете ги, па додајте ја брокулата и прелијте ги со сосот од кашкавал и павлака. Убаво измешајте, па тестените ставете ги во намрсен сад за печење. Одозгора ставете рендан кашкавал. Тавата со тестенините ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени, додека се растопи и кратко се запече кашкавалот, за време од 15 минути. Запечените тестенини со брокула и кашкавал послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печени тестенини со брокула и карфиол.

Сподели: