Запечени тестенини со туна и доматен сос 1

Запечени тестенини со туна и доматен сос

Едноставно јадење без премногу калории! Вкусно и малку различно, а убаво како идеја за брза вечера или закуска со пријателите. Запечени тестенини со туна се секогаш добра комбинација, пробајте, ќе ви се допадне.

Најдоброто од се во рецептот, е што се подготвува за 35-40 минути. Одлично!

Запечени тестенини со туна и доматен сос 2

Состојки:

  • 1 пакетче шпагети или макарони
  • 2 конзерви туна (околу 360 грама туна)
  • 1 помала главица кромид
  • 150 гр рендан кашкавал
  • 1 чаша сок од домат (домата, доматен сос)
  • малку масло
  • сол и црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво сварете ги тестенините во солена вода, а рерната вклучете ја да се загрее на температура од 200 степени.
  2. Кромидот ситно исечкајте го.
  3. Во чинија измешајте ја туната, ситно сечканиот кромид, сокот од домати и зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  4. Сварените тестенини исцедете ги и измешајте ги со претходно припремениот фил.
  5. Така припремени, печете ги во намрсена тава за време од 20 минути. Рерната треба да биде добро загреана, а кашкавалот да го додадете пред самиот крај. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.

Сподели: